Пожар во депонијата кај „Борис Трајковски“, на терен девет пожарникари со три возила


Пожар во депонијата кај „Борис Трајковски“, на терен девет пожарникари со три возила - МИА

Скопје, 14 септември 2020 () – Гори депонијата во близина на салата „Борис Трајковски“ во општина Карпош. На терен се испратени екипи од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, но се чека механизација од општината и од Град Скопје за да се расчисти отпадот. Се работи за градежен шут и отпад.



Пожарот е пријавен во 08:10 часот утринава, а на терен се девет пожарникари со три возила.

– Чекаме механизација од општина Карпош и од Град Скопје за да се расчисти депонијата, бидејќи вака тешко ќе се изгаси пожарот, изјави за командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.