Повик за реконструкција на подови во кумановското ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“ 


Повик за реконструкција на подови во кумановското ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“  - МИА

Куманово, 24 јули 2020 () – Во кумановското основно училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ ќе се обновуваат подови на пет училиници, информираа денеска надлежните од училиштето.  Повикот за понуди за реконструкција на подовите е објавен. Заинтересираните компании може да ги достават понудите до среда, 29 јули.



Директорката на училиштето, Лидија Костиќ, информраше дека Советот на Општината видел потреба од реализација на проектот  и со поддршка на градоначалникот одлучи да додели буџет од 600.000 денари за реконструкција на подови во пет училници.

– Со реализација на проектот во голема мера ќе се подобрат условите за работа во училиштето, рече Костиќ.

 

Проектот првин беше презентиран на форумските сесии во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети” чија цел беше воведување и оспособување на тимовите за чекорите и содржините за изработка на квалитетни проекти. Советниците уште тогаш најавија дека ќе се обидат да ги поддржат проектите кои имаат и социјална димнезија.