Повик на Општина Тетово за субвенционирање за набавка на инвертери



Повик на Општина Тетово за субвенционирање за набавка на инвертери - МИА

Тетово, 11 август 2020 () – Општина Тетово го објави јавниот повик до граѓаните за пријавување за субвенциорнирање за набавка и монтирање инвертер клима-уреди за 2020 година согласно владината одлука од декевмри 2019 за спроведување мерки за унапредуавње на животната средина. Граѓаните може да искористат субвенција со максимален износ од 62 илјади денари, а 1500 е максималниот број на домаќинства кои може да добијат ваква помош.

Има четири услови за добивање субвенција – да се биде жител на општина Тетово, да нема искористено субвенции за затоплување на домаќинството, до поднесување на барањето да е корисник на печка на јаглен, дрва или нафта и станот во кој живее барателот да не е во фаза на изградба.

–Само едно лице по  домаќинство  (станбен објект) може да поднесе едно барање за добивање надоместок, при што барањето може да опфаќа еден или повеќе уреди но барателот мора да ги исполни условите од јавен повик за сите уреди, да предаде онолку печки колку што ќе набави уреди и надоместокот на трошоците направени при набавка на сите уреди нема да надмине повеќе од 62.000 денари,  со вклучен  и пресметан  персонален данок на доход по домаќинство кој се исплаќа преку  општина Тетово, појаснија од општина Тетово.

Листата на потребни документи, рокови и постапката се објаснети на веб-страницата на општина Тетово.


Вести

Протест за декриминализација на марихуаната пред Основниот кривичен суд во Скопје

Протест за декриминализација на марихуаната и поддршка на активистот Филип Достовски се одржа денеска пред зградата на Основниот кривичен суд во Скопје. Претседателот на здружението Зелена национална агенда за Македонија – ЗНАМ Огнен Узуновски, рече […]

Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Нови 152 случаи на Ковид 19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на Ковид-19, починале две лица, додека оздравени се 126 пацинети, соопшти денеска Министерството за здравство. Од новите случаи најмногу има во: […]

Вести

МОН со последни подготовки пред стартот на учебната година, за СОНК има недостиг на технички средства

– Анализите направени од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) покажуваат дека голем дел од училиштата немаат обезбедено технички средства за следење на онлајн настава, но од Министерството за образование и наука уверуваат дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*