Поставени нови столбови на тротоарите на улицата „Пиринска“ во Куманово 


Поставени нови столбови на тротоарите на улицата „Пиринска“ во Куманово  - МИА

Куманово, 9 мај 2020 () – Општина Куманово постави нови столбови на тротоарите на улицата „Пиринска“  каде се сместени бројни спортски игралишта, тениско, детско игралиште, спортската сала, комлексот базени, информираа денеска надлежните од одделението за инфраструктура и сообраќај од општината.


 

Со поставувањето на ваквата сообраќајна опрема, појаснуваат одговорните, ќе се спречи недозволеното паркирање на тротарите на ова улица која често ја посетуваат спортистите, рекративците, семејства со деца, тинејџери и ќе се зголеми безбедноста на пешаците.

-Врз основа на изработен основен сообраќаен проект за разделување на пешачкиот од моторниот сообраќај по добивањето на согласност од СВР Куманово, пристапивме кон монтирање на заштитни столбови како сообраќјна опрема на тротарите на тој дел од градот со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, изјави Бојан Петковски од Одделението за инфраструктура и сообраќај.

Тој информираше дека отпочнати се процедури за подготовка на проекти за поставување заштитни столбови на булеварот „Трета МУБ“ и на улицата „Иво Лола Рибар“.

Минатата година, општината постави стоблови долж булеварот „Октомвриска револуција“ каде покрај пешачки,  има и велосипедски патеки. Дел од граѓаните се сложија со проектот, бидејќи се овозможи непречно движење на пешаците и на велосипедистите, дел од сопствениците на дуќаните и на станарите негодуваа, бидејќи немаат место за паркирање и бараат од општинските власти да се изградат паркинг места.