Поставена нова метеоролошка станица во Општина Василево


Поставена нова метеоролошка станица во Општина Василево - МИА

Струмица, 27 октомври 2020 ()-Во населеното место Нова Маала, во Општина Василево, поставена е нова метеоролошка станица, која ќе го покрива и подрачјето на селата Добрашинци, Чанаклија и Висока Маала.


 

Градоначалникот на Василево, Марјан Јанев, информираше дека метеоролошката станица е поставена во рамки на договорот со кој во општина Василево се поставува ново енергетско и ефикасно улично осветлување.

Станицата ќе обезбедува податоци за температурата на воздухот, воздушен притисок, брзина на ветар, влажност на воздух и други параметри.

Неодамна на територијата на општина Василево, во соработка со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка, беа поставени слични агро-метереолошки станици во атарите на населените места Ангелци и Пиперево.