Пороен дожд и град проследени со силни грматовици го зафатиja градот Штип. Околу половина час без струја се жителите на поголемите штипски населби Сењак, Осми Ноември. По невремето поплавени се дворот на црквата „Свети Никола“, како и улицата и паркинг просторот пред еден од влезовите.
Материјална штета нема, а во моментов водата се повлекува во атмосферската канализација. Поради надојдената вода од населбите кои се во високите зони улиците во централното градско подрачје се со наноси од песок и камења.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов за МИА вели дека на терен ќе излезат екипите на штипските јавни претпријатија за да ги исчистат улиците, а дополнително и ќе информира дали има пријавено штети од страна на граѓаните.