Порибена акумулацијата „Стрежево” со 6000 единки крап и пастрмка

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заедно со директорот на ЈП “Стрежево“ – Битола Методија Граматковски, учествуваа во порибувањето на водите на акумулацијата Стрежево со 1.000 единки подмладок од крап и 5.000 единки подмладок од пастрмка, како дел од активностите за зачувување и заштита на животната средина, спречување на еколошки проблеми и зачувување на биодиверзитетот, соопшти МЗШВ.

Локацијата на порибувањето беше браната “Стрежево” (крајбрежниот појас во близина на Командната зграда и Шахтниот преливник на акумулацијата “Стрежево”). Порибувањето се реализираше со подмладок од крап со единечна маса од 50-800 грама и пастрмка со единечна маса од 10-70 грама. Подмладокот потекнува од регистрираниот репроцентар Акватика.


– Како ресорно министерство, постојано се грижиме за одржување на рибниот фонд во езерските и речните води на територија на целата држава, водејќи грижа за континуирано унапредување на рибараството и аквакултурата во државава. Неодамна успешно завршивме проект финансиран од ЕУ „Усогласување на законодавството и имплементација на правото на ЕУ во областа на рибарството и аквакултурата во Република Северна Македонија“. Придобивките на проектот се значајни не само за МЗШВ, туку и за целата држава, бидејќи со резултатите на проектот, одиме чекор понапред во усогласувањето на нашето законодавство со законодавството на ЕУ за Поглавје 13-Рибарство, а со тоа и чекор понапред кон нашата стратешка цел – членство во Европската Унија, изјави министерот Николовски.

Тој искажа задоволство од работата на ЈП Стрежево, кои покажаа дека во досегашниов период ја оправда довербата за управување со водите на акумулацијата и успешно се грижат за зачувување на рибниот фонд, преку редовно порибување.

– Јавното претпријатие Стрежево со сопствени средства обезбеди подмладок од вкупно 6.000 единки кои денеска ги пуштивме во водите на Стрежево. Ние како концесионер, постојано се грижиме за одржување на рибниот фонд во акумулацијата Стрежево. Со тоа овозможуваме одржување и зголемување на популацијата на риби, а воедно тоа значи и зачувување и заштита на автохтони (домородни) и загрозени видови на риби, како и грижа за нивната видова разновидност, старосна структура и бројност, рече директорот Граматковски.

Стрежево плански управува со рибите во акумулацијата, овозможува трајно користење на рибите преку одржлив развој на рекреативниот и спортски риболов, како и развојот на аквакултурата.

Во рамките на денешната посета на Стрежево, министерот Николовски оствари работна средба со директорот на претпријатието Методија Граматковски. Покрај развојот на рибарството и аквакултурата, неизбежни и клучни теми беа преземените мерки за престојната сезона за наводнување, користењето и одржувањето на Хидросистемот Стрежево, како и улогата на претпријатието како значаен чинител врз развојот на квалитетно и квантитетно земјоделско производство

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK