Поради технички зафати делови од Скопје утре без струја


Скопје, 20 мај 2020 () – Поради технички зафати во електро-системот на Град Скопје утре без електрична енергија утре ќе останат делови од Карпош, Гази Баба, Кисела Вода и Ѓорче Петров, информираат од  „ЕВН Македонија“ АД.

Во периодот од 08:00 до 12:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од улица „Крчин“ во Општина Карпош. Од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од село Црешево, дел од патот кон село Виниче, ул. „3“ и ул. „4“ во село Црешево односно главната улица на влез во селото во Гази Баба.

Од 06:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе бидат и корисниците од дел од улицата „Трајко Иванов“, дел од улиците „Ефтим Спространов“, дел од улица „Димитар Мирасчиев“ во Кисела Вода.

Во периодот од 8:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Црногорска“ под улица „2“ во Ѓорче Петров.


Николоски: На лидерската покрај здравствената криза да се разговара и за условувањата од Бугарија - МИА
Вести

Николоски: Голем пораз те чека Заев и во четворката и во цела Македонија! А потоа одговорност.

Го гледам Заев свесен дека ќе губи пласира лажни вести преку порталите што му се блиски. Јас едно зборувам тие друго спинуваат. Очај! Им се смеат луѓето. Белото не може да е црно. Ама и […]

На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка - МИА
Вести

На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка

Скопје, 9 јули 2020 () – Министерот за здравство Венко Филипче денеска појасни за кои вработени се однесува уредбата со која на работа треба да се вратат родителите кои имаат деца до 10-годишна возраст. Во […]

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи - МИА
Вести

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи

Скопје, 9 јули 2020 () – Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи. Според роковникот на ДИК, денеска е последен ден до кога домашните и меѓународните набљудувачи […]