Поради контакт со заразената жена во Дебар во изолација и шестмина здравствени работници


Поради контакт со заразената жена во Дебар во изолација и шестмина здравствени работници - МИА

Дебар, 6 јуни 2020 () – Поради контакт со заразената жена со Ковид-19 од селото Долно Косоврасти во домашна изолација се најмалку 17 лица, од нив шестмина здравствени работници.

– Во домашна изолација поради контакт се двајца лекари, четири медицински сестри и двајца возачи, еден кој со возило ја транспортирал од селото до Дебар и другиот кој ја транспортирал до Скопје. Во исто време најмалку девет лица најблиски роднини на пациентката се исто така во изолација, изјави за Баки Халили, директор на Општата болница во Дебар.

Заразената жена на околу 44-годишна возраст која пред неколку години е оперирана од тумор во мозокот, беше прв случај на новозаразен по цели педесет дена.

Таа, според Халили, била примена во средата навечер во Општата болница во Дебар,со висока телесна температура и чести епилептични напади.

По напревената консултација, лекарите одлучиле да ја препратат во клиниките за неврологија во Скопје, каде и бил земен брис и по добиениот позитивен резултат на коронавирус, била префрлена во Инфективната клиника.

Поради контакт, во изолација, како што пренесуваат дел од медиумите, од оваа клиника се тројца лекари, две сестри и четворица болничари.


Николоски: На лидерската покрај здравствената криза да се разговара и за условувањата од Бугарија - МИА
Вести

Николоски: Голем пораз те чека Заев и во четворката и во цела Македонија! А потоа одговорност.

Го гледам Заев свесен дека ќе губи пласира лажни вести преку порталите што му се блиски. Јас едно зборувам тие друго спинуваат. Очај! Им се смеат луѓето. Белото не може да е црно. Ама и […]

На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка - МИА
Вести

На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка

Скопје, 9 јули 2020 () – Министерот за здравство Венко Филипче денеска појасни за кои вработени се однесува уредбата со која на работа треба да се вратат родителите кои имаат деца до 10-годишна возраст. Во […]

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи - МИА
Вести

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи

Скопје, 9 јули 2020 () – Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи. Според роковникот на ДИК, денеска е последен ден до кога домашните и меѓународните набљудувачи […]