Полицијата спречи нов инцидент во струмичката болница, почина деветмесечно дете


Полицијата спречи нов инцидент во струмичката болница, почина деветмесечно дете - МИА

Струмица, 21 септември 2020 () – Попладнево околу 16 часот на детското одделение при струмичката болница починало деветмесечно дете од село Банско, а со правовремена интервенција на полицијата е спречен инцидент, откако еден од роднините на детето бурно реагирал обвинувајќи ги лекарите за смртта на детето, изјави за директорот на болницата, д-р Наќе Гогов.

-Детето во болницата било донесено во многу тешка состојба и покрај обидите за реанимација од страна на лекарите тоа починало. Обезбедувањето на болницата навреме ја повикало полицијата и е спречен поголем инцидент. Јас ја разбирам тагата на блиските, но никој нема право да реагира како што не треба, рече д-р Гогов.

Инаку, денес претпладне се случи голем инцидент на инфективното одделение во болницата, кога група од дваесетина граѓани украдоа мртовец. Пациентот, откако бил примен во тешка состојба, по дваесет минути починал, а дваесетина граѓани од Турското маало во Струмица насилно го извлекле починатиот со кревет надвор во дворот на болницата, го дигнале од креветот и го префриле преку оградата, го ставиле во комбе и се упатиле во непознат правец.


Вести

Протести против криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот

Македонија стана земја на криминалци, мафијаши на власт и неправда. Има за врхушката на власт, а нема за народот. Прогонот на политички неистомисленици стана секојдневие од страна на власта, која пак го прикрива стравот од […]

Вести

Дванaесет починати и 161 нов случај на коронавирус во Македонија

Дванaесет лица починаа, а потврден е 161 нов случај на коронавирус во земјата во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Направени се 771 тестирања, а оздравени се 154 пациенти. Најголем број случаи се потврдени […]

Вести

Јованова-Грујовска: Проблемот е измислен, македонскиот јазик е реалност и таа тема е за нас завршена

– Македонскиот јазик е реалност, уставна категорија и тука нема дискусија. Нема потреба да си го губиме нашето време и нашата енергија како научници да објаснуваме нешто што светската лингвистика веќе го прифатила. Македонскиот јазик е […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*