Полицијата го пронајде и го врати чамецот со двајцата малолетници кој неконтролирано се оддалечил од брегот на Охридското Езеро

ohrid
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Припадници на полицијата и членови на веслачкиот клуб „Црн Дрим“ Струга го пронајдоа чамецот со малолетници кој неконтролирано се оддалечил од брегот кај „Женска Плажа“ во водите на Охридското Езеро. Со службен пловен објект малолетниците, кои се во добра здравствена состојба, безбедно се пренесени до брегот на езерото.

– Денеска во 09.35 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, од веслачки клуб „Црн Дрим“ од Струга било пријавено дека во водите на Охридското Езеро, на два километри од брегот, наспроти „Женска плажа“, неконтролирано се оддалечува чамец за веслање со двајца малолетници во правец на државната граница со Република Албанија, информирааод од МВР.


Според пријавеното, членови на веслачкиот клуб се доближиле до чамецот, но поради силниот ветер не можеле да го извлечат на брегот.

По преземени мерки, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, Полициската станица за граничен надзор „Франгово“ и членови на веслачкиот клуб го пронашле чамецот на еден километар наспроти хотел „Изгрев“ во Струга, по што со службен пловен објект чамецот со малолетниците, кои се во добра здравствена состојба, безбедно се пренесени до брегот на езерото.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK