Полицијата делеше маски во Струмица, но пишуваше и казни


Полицијата делеше маски во Струмица, но пишуваше и казни - МИА

Струмица, 6 јуни 2020 () – На подрачјето на СВР-Струмица досега се евидентирани над 800 прекршувања на владината уредба која предвидува носење заштитна маска. Најголем дел од прекршоците се регистрирани на територијата на Струмица, потоа во Гевгелија, Радовиш и Валандово, информираа од овој сектор.

И денеска Отсекот за превенција при СВР-Струмица и волонтери на Црвениот крст делеа маски на граѓаните и укажуваа на почитување на препораките од Владата за заштита и превенција од Ковид-19, а полицијата изрече казни на повеќе граѓани кои не се придржуваа до уредбата за задолжително носење заштитина маска.

– Целта на денешната активност е да се подигне свеста кај граѓаните околу почитувањето на донесените уредби, односно носење на заштитна опрема. Ваквата превентивна активност ќе се спроведува и во наредниот период. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат ваквите донесени одлуки и да си носат заштитна опрема,рече самостојниот инспектор за превенција Оливер Ристов.

Превентивната активност на полицијата се реализираше на повеќе локации во градот на кои има голема фреквенција на граѓани.


Здравствените власти апелираат пациентите да кажуваат точни податоци и да се почитуваат препораките - МИА
Вести

Од новите 165 случаи на КОВИД-19, 71 заразен во Скопје

Скопје, 3 јули 2020 () – Од регистрираните нови 165 случаи на КОВИД-19 во државата, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, најголемиот број, 71, се од Скопје. Според статистиката на Министерството за здравство, […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Нови 165 случаи на Ковид – 19, седум починати, 128 оздравени

Скопје, 3 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, […]

Излез од државата само со потпишана изјава, за влез неопходен корона тест - МИА
Вести

Границите со Србија и Косово засега остануваат отворени

Скопје, 3 јули 2020 () – Владата нема добиено препорака од Комисијата за заразни болести, ниту има донесено одлука за затворање на границите со Србија и Косово, потврди денеска премиерот Оливер Спасовски. Во моментов останува […]