Полицајаци од Тетово добиле закани во два инциденти


Полицајаци од Тетово добиле закани во два инциденти - МИА

Тетово, 22 мај 2020 () – Два инцидента бележи вчера тетовската полиција во кои нивни службеници биле мета на закани за физички напад како и неовластено снимање.  Полициски службеник пријавил дека додека со возилото на неговиот другар Ф.И.(24) од Тетово  оделе заедно до полициската станица за на работа, вчера околу 19 часот на улица „107“ патничко возило им го попречило патот.

 -Во возилото било лицето С.А. заедно со татко му и уште еден човек, по што се обиделе физички да ги нападнат и им се заканувале. Потоа, според пријавеното, со возилото ги следеле до полициската станица Тетово. Лицата се повикани на разговор во полициска станица и се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи и соодветен поднесок, соопшти денес СВР Тетово.

Во текот на вчерашниот ден на булевар „Илинденска“, полициски службеник од сообраќајната полиција неовластено бил сниман од М.Р.(34) од Тетово додека извршувал службени дејствија во врска со неговото погрешно паркирано возило „фолксваген пасат“ со косовски регистарски ознаки. М.Р. одбил да престане и  да ги избрише снимките од телефонот, по што бил лишен од слобода. Преземени се соодветни мерки, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 


Набрзо нов пристап до инфективната клиника, ПЕТ центарот ставен во функција - МИА
Вести

Новите 24 случаи со Ковид-19 во Скопје се од општините Бутел, Сарај, Чаир, Аеродром, Студеничани, Гази Баба, Шуто Оризари, Кисела Вода и Карпош

Скопје, 28 мај 2020 () – Од вкупно дијагностицираните нови 38 случаи со Ковид-19, според денеска објавените податоци, 24 се од Скопје. Како што информираа за од Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за […]

Регистрирани девет нови случаи со коронавирус во Прилеп и први два случаи во Крушево - МИА
Вести

Нови 38 случаи на Ковид -19, тројца починати

Скопје, 28 мај 2020 () – Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 38 нови лица позитивни на коронавирусот и 16 оздравени пациенти. Во овој период починале два лица, а кај […]

Чулев: Да бидеме мудри, сочувствителни, кооперативни истрајувајќи и победувајќи го премрежието со кое што човештвото се соочува - МИА
Вести

Чулев: АНБ се уште е дел од системот за следење на комуникации

Скопје, 28 мај 2020 () – Начинот на кој е формирана Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и неотстранувањето на посредничката улога на АНБ при следењето на комуникациите, говори дека реформите на безбедносниот систем се само […]