Почнува ревитализација на водоснабдителниот систем „Дивљак“ во Свети Николе 


Почнува ревитализација на водоснабдителниот систем „Дивљак“ во Свети Николе  - МИА

Штип, 18 септември 2020 () – Во Свети Николе почнува ревитализацијата на водоснабдителниот систем „Дивљак“. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски за вели дека денеска го потпишал договорот со фирмата Сандра инжинеринг ДООЕЛ Скопје за изведување на градежни работи за ревитализација на водоснабдителниот систем „Дивљак“.



–Вредноста на договорот е 5.000.000 денари обезбедени од буџетот на општина Свети Николе, а со него е предвидено инсталирање на нов филтер за вода и рестартирање на три артерски бунари во Дивљак со што се решава водоснабдувањето на село Горобинци и повисоките места на град Свети Николе, изјави Велковски.

Бунарите ќе останат запаметени за македонска јавност по тоа што во 2008 година, кога беше нивното свечено пуштање во употреба тогашниот градоначалник Слободан Даневски пред медиумите и жителите илустративно се полеа со кофа вода, со што бунарите беа пуштени во употреба. Во бунарите тогаш беа инвестирани 2,5 милиони евра. Од страна на локалната власт беа користени речиси една година за потребите на градот Свети Николе, но потоа повторно системот го приклучија на браната Мавровица, а по извесно време и на Хидросистемот „Злетовица“.вдј/


Вести

Пензионерите бараат приоритет за вакцинирање против КОВИД-19

– Сојузот на здруженија на пензионери упатуваат апел приоритет при вакцинирањето против КОВИД-19 да имаат пензионерите, како најранлива категорија лица со хронични болести и намален имунитет. -Во име на над 300 000 возрасни луѓе во нашата […]

Вести

Земјите од ЕУ на здравствена заштита во просек трошат 9,9 проценти од БДП, ние 4,5

– На здравствена заштита и социјални бенефити Северна Македонија во 2019 година потрошила вкупно 507 милиони евра односно 4,5 проценти од БДП или по 244 евра по глава на жител, што е под просекот од […]

Вести

Регистрирани 1342 нови случаи на Ковид-19, оздравени 679 пациенти, починаа 22 лица

Од направени 3399 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 1342 нови случаи на Ковид-19, додека во исто време починаа 22 лица, а Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*