Почнува реконструкцијата на кино салата во Виница


Почнува реконструкцијата на кино салата во Виница - МИА

Виница, 13 мај 2020 () – Општина Виница го почна проектот за реконструкција на старата кино сала, како една од капиталните инвестиции во која вложува 15,5 милиони денари.



Средствата се обезбедени преку Програмата за регионален развој на Министерството за локална самоуправа, односно Бирото зарегионален развој, а носител на проектот е Центарот за развој на Источниот плански регион во партнерство со локалната самоуправа.

– Ќе се реновира целата зграда во која на приземјето се наоѓа кино салата, сцената, помошна просторија за светло и тон, фоаје и тоалетите, а на катот се административни простории и канцеларии. Исто така, ќе се замени кровната конструкција, планирана е нова термофасада, како и инсталирање современа аудиовизуелна дигитална техника. Веќе е изработен технички проект за што од општинскиот буџет издвоивме околу 300 илјади денари, а добиена е и дозвола за градба, истакна на градоначалникот на Виница, Ивица Димитров, на денешната прес – конференција.

Кино салата во Виница, лоцирана во централното градско подрачје, со децении не е во функција поради дотраеноста, а во објектот нема ниту соодветна електрична, водоводна и канализациска инсталација.

Изведувачот на градежните работи „Техника“ ДООЕЛ од Радовиш има рок од шест месеци да ги комлетира градежните работи за реконструкција, по што ќе се постави потребната техничка опрема, а потоа целиот објект ќе му биде преотстапен на Домот на културата „Тошо Арсов“ од Виница.


Бизнис и економија

Задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, останува можноста жените да се пензионираат со навршени 62 години

– Измените на Законот за работни односи со кои се предвидува задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, поднесени од група пратеници, влегоа во собраниска процедура и го поминаа првото читање. Исклучоци во јавниот сектор ќе има […]

Вести

Продолжуваат разговорите со Бугарија, македонскиот јазик и идентитет се црвените линии

– Разговорите за надминување на несогласувањата со Бугарија продолжуваат деновиве на ниво на работни групи, предводени од министрите за надворешни работи на двете земји, а македонскиот јазик и македонскиот идентитет се црвените линии во преговорите […]

Вести

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-463, Куманово-30, Дебар-6, Штип-28, Прилеп-68, Тетово-29, Струга-21, Велес-47, Битола-48, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-66, Гевгелија-4, […]