Почнаа археолошките ископувања на локалитетот Градиште во Младо Нагоричане


Почнаа археолошките ископувања на локалитетот Градиште во Младо Нагоричане - МИА

Куманово, 3 јули 2020 () – Археолозите од НУ Музеј Куманово почнаа со ископување на локалитетот Градиште во Младо Нагоричане, соопштија денеска од националната установа. Во моментов археолозите работат на средната тераса на локалитетот, каде што пред неколку години открија остатоци од голем, масивен ѕид.

– Ископувањата се насочени околу овој ѕид, за кој сè уште не сме ја дознале првобитната функција, каде што постојат доградувани и преградувани простории, некои од нив и всечени во карпата, изјави раководителот на ископувањето, археологот Дејан Ѓорѓиевски.

Материјалот кој е пронајден од локалитетот, објаснува Ѓорѓиевски, датира во периодот на 4-3 век пред нашата ера. Станува збор најчесто за локално работена керамика која ги имитира формите од егејскиот југ, но и за помала количина на импортирана керамика од тој регион. Формите на накит пронајдени досега претставуваат исто така импорти, со познат изглед типичен за медитеранскиот регион во тој период. Преку него индиректно се согледуваат и религиските верувања на народот кој живеел на локалитетот, а кои скоро во целост биле изградени според грчкиот пантеон, се разбира, со додадени локални карактеристики.

Инаку, локалитетот е особено интересен за проучување, додава Ѓорѓиевски, токму поради високиот цивилизациски развој на локалното население за што сведочат многу архитектонски елементи за коишто паралели се наоѓаат во пајонските и македонските престолнини.

 

Ископувањата се дел од годишната програма на НУ Музеј Куманово, финансирани од Министерството за култура.


Кривичен суд Скопје донесе пресуди за 723 лица за непочитување на полицискиот час - МИА
Вести

Мартин Протуѓер позитивен на Ковид-19, рочиштето за ,,Титаник” одложено

– Поранешниот висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Протуѓер, а сега обвинет во процесот ,,Титаник”, е позитивен на Ковид-19, поради што е одложено денешното рочиште за овој случај. Одбраната на Протуѓер, до Судот доставила известување дека […]

Вести

Приведен кумот на поранешниот премиер Груевски

– По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција полицијата утрово го приведе Ристо Новачевски, кум на поранешниот премиер Никола Груевски кој се сомничи за сторено кривично дело перење пари со кои купиле плацеви […]

Вести

Заев не прифаќа лидерска, на почетокот на следниот месец заминува во Софија на средба со Борисов

– Власта не гледа потреба за средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за недоразбирањата со Бугарија. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека доколку на премиерот Зоран Заев му било важно државата да тргне напред, ќе […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*