Почнаа градежните работи за изградба на атмосферска канализација на крак на улицата „Партизанска“ во Демир Капија, информираше попладнево демиркапискиот градоначалник Лазар Петров.
– Вкупната инвестиција на овој проект изнесува 1.985.514,00 денари без вклучен ДДВ. Износот на ДДВ 18 проценти е 357.392,00 денари, а вкупно со ДДВ е 2.342.906,00 денари. Заедно можеме да оствариме уште бројни проекти кои ќе го подобрат локалниот економски развој и квалитетот на нашата општина, нагласи Петров.
Градоначалникот додаде дека со изградбата на оваа атмосферска канализација, значително ќе се подобри комуналната инфраструктура на оваа улица, соодветно ќе се собираат отпадните води и ќе се овозможи поквалитетен живот за сите граѓани на Демир Капија.