По еден нов случај на Ковид-19 во Пијанец и Малеш


По еден нов случај на Ковид-19 во Пијанец и Малеш - МИА

Делчево, 15 август 2020 () – По еден нов случај на позитивни пациенти од Ковид-19 во Пијанец и Малеш. Во Делчево според информациите од Здравствен дом „Гоце Делчев“, лицето кое е поизитивно на вирусот е без симптоми и во добра општа здравствена состојба.


 

– Во Делчево имаме нов случај на Ковид-19. Се работи за пациент кој е без симтоми и е трет активен случај за неполни четири дена. Во меѓувреме, направени се дополнителни тестирања на лица кои контактирале со заболените, информираа од Здравствениот дом во Делчево.

Слична е состојбата и во Берово каде неколку дена по ред се зголемува бројот на пациенти кои се позитивни на коронавирус.

– За жал мора да констатираме уште еден пациент чие тестирање покажа присуство на коронавирус. Со овој случај сега бројката на активни случаи се зголеми и изнесува девет, истканаа од Здравствен дом Берово.

Вкупниот број на активни случаи во Пијанечко-Малешевскиот регион заедно со двајцата позитивни пациенти во Пехчево, во моментот изнесува 14 лица, кај кои е утврдено присуство на коронавирус.