Паркинг за околу 60 возила наскоро во населба Драчево


Во завршна фаза е  изградбата на паркинг на улицата „Бранко Заревски” во населбата Драчево, каде што денеска се  асфалтираше површина од околу 3500 метри квадратни на која  наскоро ќе има околу 60 места за паркирање.


 

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска при  увид во градежните работи на  локацијата рече дека жителите на тој дел од Драчево во наредните денови  ќе го добијат ветениот простор за паркирање на нивните возила.

– Се работи за доста фреквентна локација, бидејќи во непосредна близина се наоѓа пазарот. Станарите од зградите на улицата „Бранко Заревски” ќе имаат бележани места за нивните возила, но со оглед на тоа што се работи за голема површина, места ќе има и за други граѓани кои ќе имаат потреба таму да се паркираат, рече Ѓорѓиевски и додаде дека  интензиво се работи на повеќе проекти кои ќе овозможат зголемување на бројот на паркинг-места во сите делови на општината.