Оздравени осум лица од коронавирусот во Кичево


Оздравени осум лица од коронавирусот во Кичево - МИА

Кичево, 14 септември 2020 () – Во последните 24 часа нема новозаразени лица и за среќа дури осум лица се оздравени од коронавирус во Кичево, информира Џабир Бајрами директор на Здраствен дом и член на Кризниот штаб на општина Кичево.



Со тоа вкупниот број на заразени со КОВИД-19 во општина Кичево е 290 лица, од кои 29 се активни, 247 се излекувани и 14 се починати.

– Продолжува трендот на намалување на активните случаи во нашата општина, денеска повторно имаме дури осум лица оздравени, но сепак останува апелот до сите граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции, додаде Бајрами. рф/