ОВР Кичево поднесе кривични пријави против двајца кичевци


ОВР Кичево поднесе кривични пријави против двајца кичевци - МИА

Кичево, 24 јуни 2020 () – ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Б.Н.(49) и Б.С. (37) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информира портпаролот Стефан Димоски.


 

Тој појасни дека Б.Н. на 6 јуни во 18:15 часот бил затекнат на булевар „Ослободување“ во Кичево, додека пак Б.С. на 7 јуни бил затекнат на улица „Мехмед Мехмеди“ и при извршена контрола кај двајцата, полициските службеници констатирале дека немаат соодветна дозвола за движење издадена од надлежен орган. рз/