Отежнато одржувањето на здравствената кондиција кај лицата со физичка попреченост


Отежнато одржувањето на здравствената кондиција кај лицата со физичка попреченост - МИА

Тетово, 6 јуни 2020 () – Претпазливоста и заштитата на здравјето поради Ковид-19 станаа причина за откажување или прекинување на голем број активности кои се од витално значење за лицата со физички хендикеп, објаснува Велибор Јаќимовски, претседател на Здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“ Тетово и Гостивар.

Тој наведе дека како лица со висок ризик поради намалениот имунитет не смеат многу да се движат, а воедно не се во можност ниту да ги ползуваат одредени мерки токму за подобрување на нивната здравствена состојба.

-Нашиот Сојуз има 11 апартмани на приземни катови во Охрид каде секоја година од први мај луѓето членовите на сите 17 здруженија можеа да одат за да поминат по 10 дена на езеро што претставува одмор но и многу значи за рехабилитација и опоравување со оглед на физичкиот хендикеп. Сега тие активности превентивно се прекинати затоа што првостепен е ризикот од коронавирусот, па оттаму таквите активности се одложуваат за во иднина. Тие од Охрид имаа можност да одат на бања но и тоа е прекинато, потенцира Велибор Јаќимовски.

Во текот на кризата, лицата со хендикеп добија 24 часовна можноста за движење со придружник кога има ограничување на движењето и полициски час.

-Сметаме дека таа мерка ја добивме откако реагиравме во јавноста дека нема доволно грижа во таквите ситуации. Тоа е добредојдено за сите нашите членови со оглед дека во ситуација кога нема многу метеж од луѓе и помалку ризик за пренесување на вирусот, може покомотно да поминат час, два на чист воздух, што итекако недостига за нас кои и порано повеќе од нормалното седиме дома, објаснува Велибор Јаќимовски.

Оваа ранлива категорија на луѓе особено чувствителни на вакви ситуации со ширење на заразни болести сега имаат потреба за уште повисоко ниво на хигиена и одржување на здравјето.

-За телесните инвалиди од особена важност се материјали за одржување хигиена, како влажни марамици, пелени, како и од заштитни маски и ракавици кога им доаѓаат други луѓе да им помагаат, а самите не ни можат ни смеат да излегуваат да ги набавуваат, вели Јаќимовски.

Здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“ Тетово и Гостивар брои 790 членови. Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност Македонија“ брои 17 здруженија.


Здравствените власти апелираат пациентите да кажуваат точни податоци и да се почитуваат препораките - МИА
Вести

Од новите 165 случаи на КОВИД-19, 71 заразен во Скопје

Скопје, 3 јули 2020 () – Од регистрираните нови 165 случаи на КОВИД-19 во државата, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, најголемиот број, 71, се од Скопје. Според статистиката на Министерството за здравство, […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Нови 165 случаи на Ковид – 19, седум починати, 128 оздравени

Скопје, 3 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, […]

Излез од државата само со потпишана изјава, за влез неопходен корона тест - МИА
Вести

Границите со Србија и Косово засега остануваат отворени

Скопје, 3 јули 2020 () – Владата нема добиено препорака од Комисијата за заразни болести, ниту има донесено одлука за затворање на границите со Србија и Косово, потврди денеска премиерот Оливер Спасовски. Во моментов останува […]