Општина Виница доби Стратегија за развој на туризмот



Општина Виница доби Стратегија за развој на туризмот - МИА

Виница, 6 јуни 2020 () – Општина Виница доби Стратегија за развој на туризмот за периодот 2020-2024 година, а за што инвестираше 300 илјади денари обезбедени преку Министерството за економија.

Писмениот документ е изработен во соработка со професори од штипскиот Факултет за туризам и бизнис логистика и членови на здружението „Туристика“ од Скопје и во него се назначени културно-историските, гастрономските, здравствените, спортско-рекреативните, образовните, ловно-риболовните и други капацитети на општината за унапредување на туристичките потенцијали.

Притоа е нагласено дека Општината мора да инвестира во квалитетни човечки и институционални капацитети, интензивно да работи на туристичката инфраструктура, а дури отпосле да креира квалитетна понуда со соодветна промоција на потенцијалите. За сите приоритети се наведени и конкретни мерки со активности и временски рокови на реализација.

– Во овој специфичен период донесовме финален производ на кој се работеше шест месеци, а направивме стратегија за период од пет години и веруваме дека она што го ставивме на хартија ќе се оствари. Се што е вклучено во Стратегијата се реални мерки и активности и се надевам дека со нивна имплементација Виница ќе стане добро туристичко место. Ние како работна група се фокусиравме на три приоритети, но најмногу на инфраструктурата, што е главен предуслов во развојот и промоцијата на туризмот, истакна професорот Оливер Филиповски од здружението „Туристика“.

Градоначалникот на Виница, Ивица Димитров оцени дека со изработката на Стратегијата, во чија изработка поддршка имаше и од локалниот бизнис и невладин сектор, се создаваат можности да се аплицира за добивање финансиски средства од домашни и странски извори.

– Што се однесува до инфраструктурата, што е најважен предуслов за развој на туризмот, ние како локална самоуправа веќе работиме на нејзино унапредување. Притоа би ги издвоил проектите за техничка документација за патот Трсино – Голак, како и проектот за патна инфраструктура Градец – Лисец. Независно кој ќе раководи со општината во иднина, треба да го следи овој документ и да работи на негова имплементација, да може да се развива туризмот, кој е многу важен сегмент во севкупниот развој на локалната заедница, истакна градоначалникот Димитров.

Освен во печатена, Стратегијата е издадена и во електронска форма со македонска и англиска верзија, а ќе биде достапна и преку веб-страницата на Општина Виница.


Во Прилеп ситуацијата со КОВИД-19 сериозна, неопходна е монтажната болница - МИА
Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.683.835 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.008.525 пациенти, а оздравеле 24.982.499 луѓе. Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 135 нови […]

Вести

Владата одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта

Владата на денешната 7-ма седница одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици […]

Вести

Спроведување на Јанкулоска е надвор од законската процедура, смета адвокатка Алексиќ

– Адвокатка на Гордана Јанкулоска, Сања Алексиќ  денеска пред новинарите изјави дека спроведување на Јанкулоска е надвор од секоја законска процедура од причина што таа е оневозможена  да  побара одлагање на издржувањето на казната по било кој друг […]