Општина Велес одобри барања за субвенции на физички лица за купен велосипед. Градоначалникот Марко Колев денеска го потпиша документот со кој на 18 лица кои се јавиле на повикот, а купиле велосипед, ќе им субвенционира по три илјади денари. Од нив, 15 се од Велес, двајца од селото Иванковци и еден од село Чалошево.
Како што појасни градоначалникот Колев, по завршувањето на јавниот повик и спроведување на административните процедури од страна на комисијата, денес го потпишал решението за одобрување на барањата за субвенции на физички лица за купен велосипед.
-Сите пристигнати барања за овој повик се во рамките на предвидениот буџет, поради што одобрени се барањата на сите лица кои ги исполнија условите, информира Колев.
Списокот со добитниците е објавен на веб-страницата на Општина Велес.
Деновиве треба да бидат одобрени и барањата по повикот на Општината за купен инвертар клима-уред и термален сончев колектор.