Општина Тетово доби донација од 5 000 заштитни маски


Општина Тетово доби донација од 5 000 заштитни маски - МИА

Тетово, 6 јуни 2020 () – Општина Тетово доби заштитни маски за лице како донација од меѓународната компанија „Леар Корпорејшн“ која има фабрика во тетовската индустриско-развојна зона. Добиени се 5 000 заштитни маски, информираат од Општината.

Оттаму посочија дека овие средства главно ќе се искористат за општински услуги, за општинските хигиеничари, за Територијалната противпожарна единица и ЈП „Градски паркинг“, кои за време на извршувањето на работните обврски се повеќе изложени на ризик од Ковид-19.

Во април, 30 илјади заштитни маски добила општина Тетово од Владата, од кои половина беа поделени на населението и се дистрибуираа до домовите на граѓаните.


Партиите не отстапуваат од средби со граѓаните, но ветуваат почитување на мерките - МИА
Вести

Предизборната кампања на средина, се вжештува реториката

– Предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е на средина, а партиите ја вжештуваат дебатата за економијата, правната држава и корупцијата. Партиите своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на средби […]

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово - МИА
Вести

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово

Скопје, 4 јули 2020 () – Засега нема препорака од Комисијата за заразни болести ниту пак одлука за затворање на границите со Србија и со Косово, потврди вчера премиерот Оливер Спасовски и истакна дека во […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита

Скопје, 4 јули 2020 () – Бројот на заразени со коронавирус во државава и натаму е висок. Според вчера објавените податоци, нови 165 случаи со Ковид-19, седум починати и 128 оздравени се регистрирани во државава. […]