Општина Струмица воспостави организиран систем за собирање електронски и електричен отпад и отпадни батерии со поставување контејнери во соработка и партнерство со „Нула отпад“.
Контејнерите се поставени на дванаесет локации на повеќе улици во градот, а на нив има упатство за користење, како и кои видови електричен и електронски отпад и батерии може да се депонираат во нив.
-Со ова правиме значаен исчекор на одржливост и заштита на животната средина со што ќе придонесеме за намалување на опасниот отпад на улиците, дивите депонии кои се создаваат покрај контејнерите и ќе влијаеме на подигнувањето на јавната свест, објави градоначалникот Костадин Костадинов.
Додаде дека со поставувањето на вакви контејнери ќе се мотивираат граѓаните повеќе да се грижат за себе и околината и да го селектираат опасниот отпад.