Општина Струмица уредува улица со шеталиште во село Градско Балдовци


Општина Струмица уредува улица со шеталиште во село Градско Балдовци - МИА

Струмица, 30 април 2020 () – При крај е уредувањето на улицата со шеталиште во населеното место Градско Балдовци, информираат од Општина Струмица.


 

Додаваат дека се поставени 20 ЛЕД-светилки на канделабри, а во тек е и поплочување на тротоарот на кој ќе бидат поставени 16 клупи и потоа ќе се асфалтира улицата во должина од еден километар.

Освен во ова населено место, и во други се почнати или се завршуваат повеќе инфрастурктурни и комунални зафати.