Општина Ресен со зголемени инспекциски контроли во Преспа


Општина Ресен со зголемени инспекциски контроли во Преспа - МИА

Ресен, 5 јуни 2020 () – Општина Ресен викендов ќе врши зголемени инспекциски контроли на целата територија во Преспа, а во функција на мерките за заштита од Ковид-19.

Според градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски ваквата одлука која утрово ја донесе општинскиот штаб за заштита и спасување беше неопходно потребна за да се зачува состојбата на ниту еден инфициран со коронавирус во Ресен.

-Од денес и за време на викендот нашите инспекциски служби ќе бидат на терен, на повеќе локации ширум Преспа, а заедно со нив ќе бидат припадници на полицијата, редарски и комунални служби чија единствена задача е следење на примената на задолжителните и пропишани здравствени мерки за заштита на граѓаните. Со мониторингот ќе бидат опфатени граѓаните за кои е задолжително носењето на заштитна маска, како и угостителските објекти кои имаат јасен протокол за работа, изјави Гошаревски по завршувањето на состанокот на општинскиот кризен штаб.

Од Општина Ресен информираа дека на подрачјето на општината нема ниту еден заболен од Ковид-19, а тоа е резултат на почитување на мерките пропишани од македонската Влада.


ДКСК отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот - МИА
Вести

ДКСК отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот

Скопје, 10 јули 2020 () – Државната кмоисија за спречување корупција на денешната седница одлучи да отвори предмет за владината парична помош на здруженијата и фондациите како дел од мерките за справување со кризата од […]

Вести

Новозаболени 205 лица од Ковид, починати шестмина, 336 оздравени

– Највисоки бројки на новозаболени регистрира денеска Министерството за здравство. Во последните 24 часа евидентирани се 205 нови случаи од кои повторно најмногу во Скопје. Оздравени се 336 пациенти, а починати се шест пациенти. Тројца починати […]

Можно е преземање мерки на границите за соседите при влез во државата - МИА
Вести

Владата изработи насоки за влез и транзит низ земјава за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ

Скопје, 10 јули 2020 () – Владата на предлог на Министерството за внатрешни работи во соработка со министерствата за здравство и за надворешни работи изработи насоки за начинот на транзит и на регулиран привремен или […]