Општина Новаци инвестира во развој на меморијален и рурален туризам

Општина Новаци инвестира во развој на меморијален и рурален туризам, област во којашто, според тамошната локална самоуправа, се препознатливи  во државата и странство.

Од општината информираат дека за развој на туризмот се потребни инфраструктурни пристапи до секое населено место и затоа со поддршка на ЈП за државни патишта, завршена е реконструкцијата на патишта до селата Зовиќ, Рапеш и Старавина

-Интервениравме и во село Градешница бисерот на битолско Мариово и таму комплетно се поплочени улиците, обезбедивме техничка вода за наводнување на Долно Маало, а за поголема туристичка примамливост во селото поставивме споменик скулптура Коњ, изработен од шрапнели, остатоци од Првата светска војна. Наскоро Градешница ќе биде препознатлива по комплетно партерно уреденото капалиште на Градешка река под селото кое ќе биде атракција и место за уживање за туристите и локалното население, вели градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски.

Од Општина Новаци најавуваат дека по комплетирањето на проектната документација ќе почнат со поплочување на патот кој води до манастирот Св.Илија.

– И со овој проект уверени сме дека го развиваме меморијалниот и руралниот туризам и привлекуваме туристи од целиот свет, посочи Кузманоски.

Вести

Утре нова средба на работните групи за законот за јавно обвинителство

Работните групи на власта и опозицијата утре во Собранието ќе одржат нова средба за законот за јавно обвинителство, потврдија за МИА од Министерството за правда. Според лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на СДСМ не […]

Вести

Јанева и Јовановски повторно на распит за случајот „Рекет“

Во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција  на распит повторно се повикани осомничените за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната СЈО Катица Јанева, откако изминатиот период во врска со овој случај […]

Вести

Хаос во комисијата со Бугарија: Ни Гоце е Македонец, ниту народот може да е македонски

Пошироката јавност се уште не ги знае сите детали од хаосот што се случувало на последната средба на историската комисија со Бугарија. Извори блиски до членови на бугарскиот преговарачки тим тврдат дека не бил проблем […]