Со цел реализација на активности за подобрување на условите за живеење на сите граѓани на општината Неготино, неготинската локална самоуправа порача изработка на вкупно 17 проекти, што се однесуваат на реализација на градежни активности како во градот, така и во населените места во општината. За ова денеска информираше градоначалникот Горан Стојанов.
– Меѓу другото, се работи за реконструкција на неколку улици во градот, во селата Криволак, Тремник, Тимјаник, Долни Дисан, соопшти Стојанов.
Тој нагласи дека Општината, континуирано инвестира во инфраструктурни проекти, како во урбаните, така и во руралните средини.