Општина Македонска Каменица продолжува со поддршката за ангажираните служби во борбата против Ковид-19


Општина Македонска Каменица продолжува со поддршката за ангажираните служби во борбата против Ковид-19 - МИА

Македонска Каменица, 4 мај 2020 () – Општина Македонска Каменица продолжува со поддршката за ангажираните служби во борбата против Ковид 19.



Градоначалничката Соња Стаменкова, вршејки обиколка на дежурните тимови на Итната медицинска помош, мобилните општински тимови и Полициската станица, изрази благодарност до полициските организациони единици, волонтерите од мобилните општински тимови и медицинските служби при Здравствената станица што деноноќно го чуваат градот и се грижат за безбедноста на жителите за време на вонредната состојба.

– Голема благодарнсот и до сите инволвирани кои не дозволуваат коронавирусот да се појави на подрачјето на нашата општина. Во изминатиот период преку Општинскиот штаб за заштита и спасување за потребите на ангажираните служби кои во овие вонредни околности се грижат за безбедноста и здравјето на граѓаните во неколку наврати им доделивме заштитни медицински маски, средства за лична и дезинфекција на простории и медицински ракавици, со што сметаме дека дадовме свој придонес во справувањето со заразата, рече Стаменкова.

Таа посочи дека во текот на наредните денови ќе бидат обезбедени дополнителни количини на заштитни одела (скафандери) и визири за потребите на ангажираните служби во борбата против Ковид 19.

Македонска Каменица заедно со Берово се единствените општини од најисточните краишта во државата каде досега не се забележани позитивни случаи на вирусот Ковид-19.