Општина Куманово поднесе кривична против поранешно вработено лице за злоупотреба на службена должност

општина куманово
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Куманово поднесе кривична пријава против поранешно вработено лице во Општината со иницијали В.Б. за злоупотреба на службена должност, по член 353 од Кривичниот законик, информираа денеска од општината.

Како што наведуваат во соопштението, посоченото лице се сомничи дека ја оштетило Општина Куманово на начин што, од работната позиција, која што ја вршело во постапка за легализација по предметниот имот се откажало од корисничко право за земјиште на кое бил построен објект, кој требал да биде легализиран на име на општина Куманово, а со крајна цел да овозможи на трето лице да се стекне со имотна корист, така што ќе го легализира објектот на сопствено име.


– Со ова лицето В.Б. ги пречекорило своите законски овластувања и ја оштетило Општината за износ од 2.152.192 денари, при тоа со наведеното постапување се јавува како оштетена страна и Здружението за слепи лица од Куманово, кому општина Куманово го дала на употреба објектот за свои потреби. Од страна на Општината незаконското решение е поништено, додаваат од општината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK