Општина Крива Паланка ќе добие канцеларија за социјални работи


Во завршна фаза се активностите за опремување и отворање на општинската канцеларија за социјални работи во Крива Паланка. Градоначалникот на општината, Борјанчо Мицевски, директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Гоце Цветковски и претставникот од Министерството за труд и  социјална политика, денес извршија обиколка и увид во завршните активности  на терен.

-Подготовката  и опремување на канцеларијата и неодамна формираниот Совет за социјална заштита, како и програмата за социјална заштита на Општина Крива Паланка за 2020 година, претставуваат директна поддршка на локалната власт во обезбедување на социјалните услуги за граѓаните,  во насока на поголема пристапност и достапност до правата и услугите од социјалната заштита и развојот  и унапредување на социјални услуги во нашата заедница, изјави градоначалникот Мицевски.

Канцеларијата е опремена преку аплициран проект во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, а официјално ќе биде ставена во функција за десетина дена.

Една од главните цели на проектот е развој и подобрување на квалитетот на социјалните услуги во локалните заедници, согласно со потребите на граѓаните и зголемување на пристапот до социјалните услуги наменети за ранливите групи на граѓани, постарите лица, лицата со попреченост и други лица, за што се обезбедени вкупно 10,8 милиони евра.

Балкан

„Macedonia the GReat“ колективна трговска ознака за производите од грчката област Македонија

Слоганот „Macedonia the GReat“, со потенцирани букви ГР како кратенка за Грција и буквата „М“ како ознака, испишани со бело на сина позадина, се новите колективни трговски ознаки за грчките производи од грчката област Македонија, […]

Вести

Две лица во Кина заразени со пневмонична чума

Две лица кои живеат во близина на кинеската граница со Монголија се заразени со пневмонична чума, само шест месеци откако две лица почина во истиот регион од чума. Двајцата пациенти од автономниот регион на Внатрешна […]

Вести

Италија подготвена да прогласи вонредна состојба во Венеција

Италија е подготвена да прогласи вонредна состојба во Венеција откако висината на брановите во тој град достигнаа 1,87 метри, поплавувајќи ја историската базилика и прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија за домаќинствата. Повеќе од 80 […]