Општина Кисела Вода прослави 65 години постоење


Општина Кисела Вода прослави 65 години постоење - МИА

Скопје, 29 јуни 2020 () – Општина Кисела Вода денеска прослави 65 години од формирањето, соопштија од оваа скопска општина.

Изминатиов период во насока на подобрување на условите за живот на граѓаните, од таму информираат дека тие соработувале со граѓаните, со невладините организации, државните институции, странските амбасади, УНДП, училиштата, правните субјекти, спортските работници, а и со претседателот и со членовите на Советот на Општината, без разлика на која партија припаѓаат.

За досегашната успешна соработка, градоначалникот Филип Темелковски, плакети им подели на градоначалникот Петре Шилегов, која во негово име ја прими претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, на амбасадорот на Словачка, Н.Е. Хенрик Маркуш, на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, на Амбасадата на Руската федерација, на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Никола Бабовски. Плакети во знак на благодарност добија и сите останати соработници на Општина Кисела Вода.

Градоначалникот Темелковски благодарници им подели на учениците првенци на генерација, на наставниците за вложениот труд и за успешното завршување на учебната година во вонредни услови и на спортските работници, кои секогаш прават се да ги привлечат младите на спортските терени, а со тоа и да им го покажат правиот пат.

Градоначалникот Филип Темелковски на учениците им честиташе за постигнатите успеси и им посака успешно продолжување на образованието, а на наставниците им се заблагодари за се што прават за правилен развој на децата.

По повод прославата, свечена седница одржа и Советот на Општина Кисела Вода на која говореше претседателот на Советот, Дарио Шимиќ. оџ/


Конституирано Собранието, верификувани мандатите на 120-те избрани пратеници - МИА
Вести

Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присустуваа на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав

Скопје, 4 август 2020 (МИА) – Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присуствуваа денеска на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав, која се одржа во салата Голема купола согласно здравствените протоколи за заштита од ширење […]

Градоначалникот на Москва најави бесплатни вакцини против Ковид-19 - МИА
Вести

Нови 75 случаи со Ковид-19, пет починати, 136 оздравени пациенти

Скопје, 4 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-4, Штип-5, Тетово-7, Кавадарци-8, Гостивар-8, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Виница-1, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*