Општина Ѓорче Петров: При носењето на ДУП-от СЗ 24, Блок СЗ 24.03 се почитувани сите процедури



Општина Ѓорче Петров: При носењето на ДУП-от СЗ 24, Блок СЗ 24.03 се почитувани сите процедури - МИА

Скопје, 16 септември 2020 () – Со Деталниот урбанистички план за градска четврт СЗ 24, Блок СЗ 24.03, што го донесе Општина Ѓорче Петров се овозможуваат услови за градење на просторот, но се уште не е дадено одобрение за градење кое се издава врз основа на основни проекти за градбите, во постапка согласно Законот за градење. Сега донесениот ДУП е изработен во согласност ГУП на Град Скопје 2012 – 2022 и Регулациски план на ГУП за четврт СЗ 24 од 2018 година, порачуваат од локалната самоуправа.

Велат дека се почитувани сите процедури во постапката за негово донесување, кои се во согласност со одредбите на Законот за просторно и урбанистичко планирање, и оти се обезбедени согласности и позитивни мислења од сите релевантни институции, вклучувајќи ги и Град Скопје и Министерството за транспорт и врски.

Претходниот план „ДУП за локалитет Јурија“, додаваат, е од 2001 година и не е во согласност со намените за просторот дефинирани со плановите од повисоко ниво, а донесени подоцна, во 2012 и 2018 година.

-Решението на новиот план нуди современ концепт за развојните потреби на општината. Воедно, максимално дозволените нумерички параметри за градежната парцела не дозволуваат изградба на целата површина за градење со височина од 58 метри. Зададена е височина од П до П+17 (од приземје до приземје и 17 нивоа), при што максимално дозволената бруто развиена површина за градење условува дека со П+17 може да биде изведен само мал дел од површината. Всушност, ова е планска одредба со која ќе се условат архитектите да изнајдат посмели архитектонски решенија за градбите, со разиграни и денивелирани површини и волумени, односно интенцијата е да се побегне од стерилните архитектонски решенија кои беа вообичаени во изминатиот 10-годишен период – кога се реализираа „ѕидови“ долж улиците, посочуваат од Општината.

Нагласуваат дека апсолутно нема да биде спречен протокот на воздух.

-Соодветно на претходното образложение за условеноста на проектирање на разиграни и денивелирани површини и волумени на градбите, по целата должина ќе се појават продори во површините за градење. Во просторот значаен дел е одделен за зеленило. На дури 4257 квадратни метри планиран е јавен парк, во зона надвор од градежни парцели. Дополнително, зададен е услов за реализација на градбите според кој мора да се обезбеди најмалку 20 отсто површина под зеленило во рамките на градежните парцели. Овие 20 отсто претставуваат 6106 квадратни метри на ниво на плански опфат. Оттука, со планот е предвидено најмалку 10363 квадратни метри од површината да биде под зеленило (4257+6106), што претставува 27 отсто од површината на блокот СЗ 24.03 – во рамките на регулационата линија како што е дефинирана со планот од повисоко ниво РПЧ СЗ 24, нагласуваат од Општина Ѓорче Петров.

Потсетуваат дека беа спроведени две јавни анкети за Деталниот урбанистички план од кои првата во периодот од 12.07.2019 до 25.07.2019, а втората во периодот од 18.09.2019 до 24.09.2019.

-Соопштенијата за јавните анкети беа соодветно објавени во два дневни весника, но и на веб страницата на Општина Ѓорче Петров (каде и се уште може да се видат, во секцијата со објави и соопштенија од постапките за донесување на урбанистички планови). На двете анкети планот беше истакнат во М.З. Дексион, а стручните служби од Одделението за урбанистичко планирање во општина Ѓорче Петров беа и се достапни за  какви било прашања и консултации. Одржани се и јавни презентации на планот – првата на 16.07.2019 и втората на 19.09.2019, двете во просториите на М.З. Дексион на кои беа поканети да присуствуваат сите заинтересирани граѓани и претставници на релевантни институции и комунални претпријатија, прецизираат од општината.

 


Вести

Прв академски час на факултетите

– За новата генерација студенти, факултетите денеска традиционално ќе одржат прв академски час, кој поради пандемијата ќе се организира на отворено или онлајн. Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски новите бруцоши ќе […]

Вести

Почнува учебната година за учениците и студентите

– Одложено за учениците и редовно за студентите почнува учебната 2020/2021 година која е со многу неизвесности поради непредвидливост со заразата од КОВИД-19. Училишната година денеска треба да ја почнат 270 000 средношколци и основци, […]

Вести

Неизвесно потврдувањето на одлуките за вонредна состојба во Собранието

– Останува неизвесно дали Собранието ќе ги потврди петте одлуки за прогласување на вонредна состојба што ги донесе претседателот на државата Стево Пендаровски поради пандемијата со КОВИД-19, откако вчера Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*