Општина Гевгелија ги намали комуналните такси за фирмарина


Општина Гевгелија ги намали комуналните такси за фирмарина - МИА

Гевгелија, 29 мај 2020 () – Како дел од општинскиот пакет мерки за ублажување на последиците од коронавирусот, Општина Гевгелија донесе одлука за намалување на комуналните такси за фирмарина на физичките лица и правните субјекти.

Според одлуката, таксата за фирмарина на деловен објект за физички лица е намалена од 2.000 на 1.300 денари, за физичките лица кои данокот го плаќаат во паушален износ таксата од 500 е намалена на 350 денари, а за правните субјекти фирмарината од досегашните 6.000 е намалена на 4.000 денари.

Покрај ова, Општина Гевгелија одлучи и таксата за користење на просторот за вршење дејност пред деловните простории на дневна основа, да се намали од 7 на 5 денари за метар квадратен.

– Ќе ја следиме и понатаму економската состојба и на сите можни начини ќе настојуваме да им излеземе во пресрет на гевгелиските стопанственици и ќе бидеме на располагање на сите апликанти да им помогнеме во реализацијата на мерките за кои поднеле барања, рече градоначалникот  на Општина Гевгелија, Сашо Поцков. им/


Партиите не отстапуваат од средби со граѓаните, но ветуваат почитување на мерките - МИА
Вести

Предизборната кампања на средина, се вжештува реториката

– Предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е на средина, а партиите ја вжештуваат дебатата за економијата, правната држава и корупцијата. Партиите своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на средби […]

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово - МИА
Вести

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово

Скопје, 4 јули 2020 () – Засега нема препорака од Комисијата за заразни болести ниту пак одлука за затворање на границите со Србија и со Косово, потврди вчера премиерот Оливер Спасовски и истакна дека во […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита

Скопје, 4 јули 2020 () – Бројот на заразени со коронавирус во државава и натаму е висок. Според вчера објавените податоци, нови 165 случаи со Ковид-19, седум починати и 128 оздравени се регистрирани во државава. […]