Општина Дебар додели 300.000 денари за ублажување на последиците од пожарот во селото Горно Косоврасти


Општина Дебар додели 300.000 денари за ублажување на последиците од пожарот во селото Горно Косоврасти - МИА

Дебар, 24 септември 2020 () – Градоначалникот на Дебар Хекуран Дука, на жителите од селото Горно Косоврасти, чии плевни со сточна храна и дел на добиток изгореа во пожар на 14 мај им предаде финансиски средства како помош за ублажување на последиците,информираа од Општината.

-По иницијатива на градоначалникот Дука, Советот на општината донесе едногласна одлука да се издвојат средства во висина од 300.000 денари како помош за оштетените семејства. Тие сега им се предадени на семејствата, за што нивни претставници на средбата со градоначалникот искажаа голема благодарност и до него и до советниците за покажаната грижа за нив, додаваат од Општината.

Во исто време Општината упатува апел до сите оние кои се во можност да го сторат тоа, поединци или фирми, да помогнат со финансиски средства или градежен материјал.

Утрото на 14 мај годинава пламените јазици пеплосаа осум плевни со се сточна храна, огревно дрво и дел од добитокот.

Причинетата штета беше околу 100 илјади евра.


Вести

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1901 тестирања, а регистрирани се 561 […]

Вести

Договорот за добрососедство е основата за односите со Бугарија, порача власта, опозицијата бара од Заев став за Гоце Делчев и македонскиот јазик

– Историјата да им се остави на историчарите, а политиката на политичарите е повик, кој изминатите денови постојано се повторува од страна на државните функционери во земјава во однос на недоразбирањата кои настанаа на релација […]

Вести

Се пополнуваат болничките капацитети, Филипче најави зголемување на термините за тестирање

– Се пополнуваат болничките капацитетите за сместување на пациенти заболени од Ковид-19 во сите градови во земјава, а постепено се полни и модуларната болница во Скопје изминатите денови кога и кај нас и во Европа […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*