Општина Битола со 155 милиони денари ќе субвенционира инвертер клима уреди



Општина Битола со 155 милиони денари ќе субвенционира инвертер клима уреди - МИА

Битола, 16 септември 2020 () – Општина Битола објави јавен повик за субвенционирање на домаќинствата во тој град за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди.

Од тамошната локална самоуправа информираат дека пријавувањето за јавниот повик се врши електронски и ќе се одвива во периодот од 18 септември до 2 октомври.

– Целта на јавниот повик е домаќинствата во Општина Битола да ги заменат печките на тврди и фосилни горива коишто ги користат за затоплување на станбениот простор во којшто живеат, преку субвенција за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди. Максималниот износ на субвенцијата што може да го искористи еден барател, носител на домаќинство изнесува 55.800 денари и истиот може да се искористи за надоместување на трошоците за набавка и монтажа на еден или повеќе високоефикасни клима уреди, посочуваат од Општина Битола.

Предност при распределувањето на средствата ќе имаат барателите носителите на домаќинства кои живеат во централно градско подрачје, односно зоните број 1, 2, 3, 4 и 5, жители од улиците „Даме Груев“, Јени Маале 2, Боримечка, Североисточна зона, Ушици, Баир, Девеани, Станбена заедница 3, 4, 5, 6, 7 и 8, како и областа Маџар Маало, Горно Оризари и Стрелиште

Вкупните средства коишто се планирани за овој јавен повик изнесуваат 155 милиони денари.ир


Вести

Бројот на новозаболени од КОВИД-19 не се намалува, надлежните апелираат на почитување на мерките

– Во текот на минатата недела бројката на нови случаи на КОВИД-19 се движеше околу десет проценти од тестираните и во најголем дел на дневно ниво таа беше трицифрена, со исклучок на вторникот кога од […]

Во Прилеп ситуацијата со КОВИД-19 сериозна, неопходна е монтажната болница - МИА
Вести

Нови 143 случаи на коронавирус, 110 оздравени и девет починати лица

 – Во изминатите 24 часа од направени 1504 тестрирања, регистрирани се нови 143 случаи на коронавирус. Во истиот период регистрирани се и 110 оздравени пациенти, но и девет починати лица. Министерството за здравство информира дека […]

Вести

Одбраната на „Монструм” ќе поднесе крвична пријава против вештакот Снежана Николовска

– Одбраната на обвинетите во случајот „Монструм” ќе поднесе кривична пријава против вештакот Снежана Николовска, заради, според нив, фалсификување на вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир. Ова го најави адвокатот Насер Рауфи, по […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*