Охриѓани загрижени пред продолжениот празничен полициски час


Охриѓани загрижени пред продолжениот празничен полициски час - МИА

Охрид, 4 јуни 2020 () – Одлуката за воведување целосен полициски час во кризните жаришта зафатени со коронавирусот за продолжениот викенд  наиде на реакции кај граѓаните на Охрид на социјалните мрежи, кои стравуваат дека парцијалните одлуки за забрана за движење во Охрид ќе го наполни градот токму со граѓаните од местата каде има најмногу заразени со Ковид-19.

Охрид е меѓу градовите каде на сила викендов е делумен полициски час, односно забраната за движење ќе важи вечерва од 21 часот до 5 наутро, додека во останатите денови на викендот од 16 часот попладне до 5 часот наутро.

Угостителите во Охрид пак сметаат дека тоа ќе биде прва можност после олабавувањето на мерките да ги наполнат своите локали онолку колку што дозволуват протоколите за спречување на ширењето на заразата, но сигурно повеќе отколку во обичните денови кога се релативно слабо посетени. Иако локалите можат да работат до 22 часот, граѓаните на Охрид воглавно се воздржуваат да одат по кафеаните, уште помалку во рестораните. Може да се забележи посетеност на најпопуларните тераси каде се пие кафе, но посетеноста е далеку од вообичаеното за овој период минатите години. Веќе на социјалните мрежи се забележува и зголемен интерес за закуп на апартмани во градот за викендот.

Одговорното однесување на Охриѓани за време на најстрогите мерки за справување со последиците од епидемијата резултираа со релативно мал број инфицирани лица во градот.аб/


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 166 случаи со Ковид-19, четворица починати, 185 оздравени пациенти

Скопје, 2 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-47, Куманово-17, Дебар-1, Штип-23, Тетово-12, Струга-7, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-9, Гостивар-15, Гевгелија-1, Струмица-1, […]

Вести

Ден на Републиката – чествувања со протоколи и без масовни собири

– Денот на Републиката 2 Август, на кој се празнуваат двата историски Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ,  поради епидемијата ќе се чествуваат без масовни собири и […]

Викендите предизвикуваат раст на бројот на новозаразени од Ковид-19 - МИА
Вести

Бројот на новозаболени под 10 отсто, се бара почитување на протоколите на плажите и на базените

Скопје, 2 август 2020 () – Бројот на новозаразени лица од Ковид -19 падна под 10 отсто. Според последниот здравствен билтен на Министерството за здравство, во последните 24  часа од направени 1621 тестови регистрирани се […]