Одбележани 19 години од загинувањето на шест припадници на тетовскиот гарнизон


Одбележани 19 години од загинувањето на шест припадници на тетовскиот гарнизон - МИА

Тетово, 5 јуни 2020 ()Во тетовската касарна „Кузман Јосифовски-Питу“ се одбележаа 19 години од загинувањето на припадниците на Армијата и гарнизонот во Тетово во 2001 година. На 5-ти јуни 2001 Исак Руфати, Николче Китанов, Пеце Матичевски, Влатко Миленковски и Благоја Силјановски загинаа во заседа на патот Шипковица-Гајре, додека на 1 јули на Тетовското кале од минофрлачка граната загинува Блашко Толев.

-Стоиме пред споменот на вашата пожртвуваност, тажни но благодарни за покажаната храброст и хероизам кои беа пример за сите нас во критичните моменти. Вие покажавте што значи да се биде патриот и како треба со целото свое битие да се сака сопствената татковина. Вашите семејства се гордеат со вас како што сме горди и ние припадниците на Армијата што ве имавме за нашите соборци. Наша обврска е никогаш да не заборавиме на вашиот херојски подвизи со кои ги задолживте сите сегашни и идни генерации на Армијата, истакна на одбележувањето потполковник Изаир Ејупи, командант на тетовската касарна.

Пред спомен плочата на припадниците на АРМ поставена во тетовска касарна беше положено цвеќе од делегација на Команда за операции предводена од Командант генерал-мајор Павле Арсовски, делегација од команда на 1-ва пешадиска бригада, делегација на гарнизот Тетово, Сојузот на борци Тетово и Одбор на бранители.


Николоски: На лидерската покрај здравствената криза да се разговара и за условувањата од Бугарија - МИА
Вести

Николоски: Голем пораз те чека Заев и во четворката и во цела Македонија! А потоа одговорност.

Го гледам Заев свесен дека ќе губи пласира лажни вести преку порталите што му се блиски. Јас едно зборувам тие друго спинуваат. Очај! Им се смеат луѓето. Белото не може да е црно. Ама и […]

На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка - МИА
Вести

На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка

Скопје, 9 јули 2020 () – Министерот за здравство Венко Филипче денеска појасни за кои вработени се однесува уредбата со која на работа треба да се вратат родителите кои имаат деца до 10-годишна возраст. Во […]

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи - МИА
Вести

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи

Скопје, 9 јули 2020 () – Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи. Според роковникот на ДИК, денеска е последен ден до кога домашните и меѓународните набљудувачи […]