Од утре упис на првачиња во Аеродром според протокол


Од утре упис на првачиња во Аеродром според протокол - МИА

Скопје, 31 мај 2020 () – Од утре, 1 јуни, почнува уписот и тестирањето на првачињата во сите основни училишта во Општина Аеродром по строго утврдени правила како мерки за заштита од корона вирусот.

Пред влезот на секое училиште ќе има поставено средство за дезинфекција на обувките и рацете, како и едукативно-инфотмативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки.

На сите родители и деца кои имаат закажан термин за упис, во интервали од 20 минути на влезот ќе им се мери температурата со дигитален топломер. Родителите задолжително треба да носат заштитна маска на лицето и ракавици и да одржуваат физичко растојание. Исто така, треба да знаат дека е строго забрането групирање на присутните во училиштето.

Разговорот со секое дете што се запишува во прво одделение ќе се врши во определена просторија за таа намена, која овозможува најмалку два метра оддалеченост меѓу присутните. Во неа може да присуствуваат само членовите на Комисијата за запишување, детето и еден од родителите или старателите на детето. Просторијата почесто ќе се проветрува, по можност за време на разговорот и задолжително во текот на паузите. По завршување на секој разговор просторијата ќе се исчисти и со специјално средство против вируси ќе се дезинфицираат работната површина на која се работело со детето и подот. Во оваа просторија и на излезот од училиштето ќе бидат поставени корпи за отпадоци со капак.

-Апелираме да се почитува овој протокол за упис на првачињата, изготвен во согласност со препораките на Министерството за образование и наука, наведува Општина Аеродром.


Николоски: На лидерската покрај здравствената криза да се разговара и за условувањата од Бугарија - МИА
Вести

Николоски: Голем пораз те чека Заев и во четворката и во цела Македонија! А потоа одговорност.

Го гледам Заев свесен дека ќе губи пласира лажни вести преку порталите што му се блиски. Јас едно зборувам тие друго спинуваат. Очај! Им се смеат луѓето. Белото не може да е црно. Ама и […]

На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка - МИА
Вести

На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка

Скопје, 9 јули 2020 () – Министерот за здравство Венко Филипче денеска појасни за кои вработени се однесува уредбата со која на работа треба да се вратат родителите кои имаат деца до 10-годишна возраст. Во […]

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи - МИА
Вести

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи

Скопје, 9 јули 2020 () – Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи. Според роковникот на ДИК, денеска е последен ден до кога домашните и меѓународните набљудувачи […]