Од понеделник почнува бербата на вишна во Пијанец


Од понеделник почнува бербата на вишна во Пијанец - МИА

Делчево, 4 јули 2020 () – Од понеделник почнува бербата на вишна во Пијанец. Добриот род и квалитетната вишна, како што информира овоштарот Мишо Величковски, ќе ја окарактеризираат бербата за која ќе бидат потребни и добри работници, за навреме да се заврши истата.

-Бербата конкретно на моите насади ќе се одвива на површина од девет декари кај местото викано ,,В’ко” во атарот на село Драмче. Квалитетот на вишната е прва класа. Овоштарникот е според систем капка по капка, со сите стандарди. Употребата на препарати за заштита е според програмата на Европската Унија. За сите работници е обезбедена добра цена и услови за работа, така што се надеваме дека бербата ќе заврши во предвиениот рок, вели Величковски.

И најголемиот производител на вишна од сопствен насад ,,Рудине” најави берба на вишната од понеделник. Вишната ќе се бере машински.

По модрата слива, вишната е една од најзастапените овошни култури во Пијанец. Поради добриот род и годинава се очекува најголем дел од производството да заврши на европските пазари.


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*