Обновени санитарните јазли во СОУ „Дрита“ во Кичево



Обновени санитарните јазли во СОУ „Дрита“ во Кичево - МИА

Кичево, 16 септември 2020 () – Со обновувањето на санитарните јазли завршуваат подготовките во средното општинско училиште „Дрита“ во Кичево кое наскоро ќе ги смени и внатрешните врати, за целоснаподготвеност при евентуален почеток на наставата во ова училиште со физичко присуство.

-Во ОСУ „Дрита“ Кичево со помош на донатори беше извршено целосно реновирање на санитарниот јазол на приземјето. Овој проект изнесуваше 7.500 евра, од кои 70 отсто ги покриваше ресторанот „Шќипоња“ од село Аранѓел, вели директорот Фестим Ахмети.

Други донатори беа Општина Кичево потоа неколку други кичевски фирми како и Ј.К.П. „Комуналец” од Кичево.

-Подобрувањето на условите во нашето училиште ќе продолжи уште од еден анонимен донатор со вредност од 2.000 евра, кој ќе инвестира во замена на вратите. Замена на сите врати чини околу 4.200 евра. Секој кој смета дека оваа иницијатива треба да биде поддржана, а при тоа има можност, може да ни се приклучи за да ја заокружиме и оваа иницијатива , додаде Ахмети. рз/нд/


Вести

Протест за декриминализација на марихуаната пред Основниот кривичен суд во Скопје

Протест за декриминализација на марихуаната и поддршка на активистот Филип Достовски се одржа денеска пред зградата на Основниот кривичен суд во Скопје. Претседателот на здружението Зелена национална агенда за Македонија – ЗНАМ Огнен Узуновски, рече […]

Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Нови 152 случаи на Ковид 19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на Ковид-19, починале две лица, додека оздравени се 126 пацинети, соопшти денеска Министерството за здравство. Од новите случаи најмногу има во: […]

Вести

МОН со последни подготовки пред стартот на учебната година, за СОНК има недостиг на технички средства

– Анализите направени од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) покажуваат дека голем дел од училиштата немаат обезбедено технички средства за следење на онлајн настава, но од Министерството за образование и наука уверуваат дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*