Објавена книгата „Некоректен мртовец“ од Миле Ѓорѓијоски


Објавена книгата „Некоректен мртовец“ од Миле Ѓорѓијоски - МИА

Делчево, 1 август 2020 () – Богатиот повеќе од 30 годишен опус на познатиот сатиричар Миле Ѓорѓијоски збогатен за уште еден наслов „Некоректен мртовец“ е комедија која деновиве излезе од печат и е меѓу ретките изданија на книги со комедии во македонското творештво.

Книгата „Некоректен мртовец“ како што истакна самиот автор е комедија во 16 слики.

-Се работи за специфично издание на книга со комедии, која е една од ретките досега издадена од наши автори. Книгата има две изданија. За едното издание илустрациите и кориците се на Дарко Богданов, стрип цртач и илустратор, а за другото издание на Танас Дедов, ликовен уметник, рече Ѓорѓијоски.

Концептуалниот уметник, поет и граѓански активист Митко Гогов, кој е рецензент на книгата додаде дека „Некоректен мртовец“ е книга во чии сцени секој може да пронајде дел од својот карактер.

-Истовремено „Некоректен мртовец“ е пиеса која преку сатирата ни нуди можност да погледнеме низ прозорецот во домот на едни страдалници, да се пронајдеме во нивната мака, да се насмееме на нивната горчлива судбина, да осознаеме дека „се што лета не се јаде“, рече Гогов.

За неполни два месеци ова е втора книга на Ѓорѓијоски во 2020 година. Пред еден месец ја издаде и книгата „Сатирични мистерии“, која претходно беше објавена и како прва книга од областа на сатирата напишана од македонски автор на бугарски јазик.


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 74 случаи со Ковид-19, тројца починати, 90 оздравени пациенти

Скопје, 3 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-14, Куманово-8, Штип-13, Струга-1, Кавадарци-3, Гостивар-22, Кочани-1, Берово-3, Виница-4, Свети Николе-3, Кичево-2. […]

Џафери ќе ја води конститутивната седница - МИА
Вести

Џафери ќе ја води конститутивната седница

Скопје, 3 август 2020 () – Претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери утре ќе претседава со конститутивната седница на Собранието, потврдија од неговиот кабинет. -Претседателот Џафери излезе од болница и е во многу добра […]

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките клучно за нивна заштита - МИА
Вести

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките клучно за нивна заштита

Скопје, 3 август 2020 () – Ковид-19 предизвикува поголема смртност кај лица на возраст над 60 години и кај лица со основни медицински состојби, како што се кардиоваскуларни заболувања, хронична респираторна болест, дијабетес и карцином. […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*