Обезбеден грант за санација на санитарните јазли во гевгелиската гимназија


Општина Гевгелија од УСАИД доби грант од 1,5 милиони денари за санација на санитарните јазли во средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија.

Гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков и претставници на Македонскиот центар за граѓанско образование, денеска потпишаа и Меморандум за соработка на Општина Гевгелија со УСАИД во рамки на проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието.

-Со доделениот грант ќе бидат реновирани санитарните јазли во источниот и западниот блок на училиштето, а денеска ќе биде објавен и јавниот повик кој ќе трае две недели и на кој ќе можат да се јават сите заинтересирани изведувачи, велат од Општината.

Со реновирањето на санитарните јазли што се очекува да започне во втората половина на август и да заврши во септември, како  и изградбата и опремувањето на новите 14 училници која е во финална фаза,  гевгелиските гимназијалци во новата учебна година ќе следат настава во целосно подновени услови.

Вести

Армијата на Република Северна Македонија го одбележува 27-от роденден

– Во Армискиот центар за обука на вода во Охрид, денеска, ќе се одржи централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија. На свечената церемонија на 27-от роденден на […]

Балкан

Шпански туристи тероризирани од сопственик на ресторан кај Химара (ВИДЕО)

Албанската телевизија „Репорт“ објави екслузивно видео снимено од шпански турсти, кога сопственик на угостителски објект во Порто Палермо, кај Химара, се качил на хаубата на нивното комбе во движење и се обидел да се пресмета […]

Вести

Пациентот со западнонилска треска на Инфективната клиника и натаму во тешка состојба

Шеесет и шестгодишниот пациент заразен со западнонилска треска, кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје се уште е во тешка здравствена состојба со манифестација на централниот нервен систем, изјави за МИА директорката […]