Ново зеленило на платоата кај „Педагошка“ и „Млечен“



Скопје, 29 јуни 2020 () – Почна раззеленувањето на платото кај „Педагошка“ во урбаната заедница „Владо Тасевски“ во Општина Карпош. Овој јавен простор се уредува хортикултурно со 440 нови украсни растенија.

Од Општина Карпош информираат дека дел од зеленилото ќе биде засадено и на платото на „Млечен“, а во оваа редовна акција на локалната самоуправа, се зголемува зелениот фонд во цел Карпош.

– Ова е начин со кој се менува сликата за платоата, плоштадите, кои сега се оживуаат,раззеленуваат и стануваат најпосетувани места за рекреација на граѓаните. Исто така, најголемиот дел од растенијата се со апсорбирачко дејство на штетни честички и прашина, со што директно се влијае врз заштитата на животната средина, информираат од општинската прес-службата.

Од локалната самоуправа посочуваат дека  во последната акција беа засадени повеќе од 55 висококвалитетни дрвја и се подигнале тревни површини на 1.560 квадратни метри.


Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Регистрирани 141 случај со Ковид-19, еден починат, 94 оздравени пациенти

Во последните 24 часа се направени 1.559 тестирања, а регистрирани се 141 случај со Ковид-19 во: Скопје-51, Куманово-12, Штип-6, Прилеп-6, Тетово-2, Струга-2, Велес-2, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци-5, Гостивар-2, Гевгелија-5, Струмица-10, Крива Паланка-2, Кочани-5, Пробиштип-1, Валандово-3, Виница-3, […]

Вести

Пендаровски и Пахор во Охрид на показна вежба на армиските специјалци

– Претседателите на Северна Македонија и на Словенија Стево Пендаровски и Борут Пахор денеска го посетија Кампот за обука на вода на Армијата на Република Северна Македонија, од каде ја следеа показната вежба на припадниците […]

Вести

Бројот на новозаболени од КОВИД-19 не се намалува, надлежните апелираат на почитување на мерките

– Во текот на минатата недела бројката на нови случаи на КОВИД-19 се движеше околу десет проценти од тестираните и во најголем дел на дневно ниво таа беше трицифрена, со исклучок на вторникот кога од […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*