Ново хортикултурно катче во Карпош 3


Ново хортикултурно катче во Карпош 3 - МИА

Скопје, 31 мај 2020 () – Ново хортикултурно катче со систем за наводнување, но и клупи за седење, реквизити и подлога ќе биде поставено на влезот од трговскиот центар „Лептокарија“, во населбата Карпош 3.

Уредувањето на овој простор, како што соопшти денеска Општина Капрош, ќе го финансира и реализира „Халкбанк“ АД Скопје, согласно нивната заложба за подобрување на животната средина, под платформата „Халкеко“.

Општинските власти посочуваат дека овој зелен корнер е лоциран во централниот дел на „Лептокарија“, каде што фреквенцијата на граѓани е поголема, а местото претставува омилен дел за рекреација на жителите од најблиските згради и живеалишта. Со уредувањето на просторот, карпошани ќе добијат ново катче за маалска дружба и рекреација,

-Општина Карпош продолжува со постојаното раззеленување на јавниот простор, а добро е што нашата заложба за чист и зелен Карпош е препознаена и од приватниот сектор, од општествено одговорни компании кои се придружуваат на иницијативата, се наведува во соопштението на општината.


Николоски: На лидерската покрај здравствената криза да се разговара и за условувањата од Бугарија - МИА
Вести

Николоски: Голем пораз те чека Заев и во четворката и во цела Македонија! А потоа одговорност.

Го гледам Заев свесен дека ќе губи пласира лажни вести преку порталите што му се блиски. Јас едно зборувам тие друго спинуваат. Очај! Им се смеат луѓето. Белото не може да е црно. Ама и […]

На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка - МИА
Вести

На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка

Скопје, 9 јули 2020 () – Министерот за здравство Венко Филипче денеска појасни за кои вработени се однесува уредбата со која на работа треба да се вратат родителите кои имаат деца до 10-годишна возраст. Во […]

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи - МИА
Вести

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи

Скопје, 9 јули 2020 () – Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи. Според роковникот на ДИК, денеска е последен ден до кога домашните и меѓународните набљудувачи […]