Нови 90 корпи за отпадоци низ Карпош



Нови 90 корпи за отпадоци низ Карпош - МИА

Скопје, 4 август 2020 () – Во согласност со планираните активности на Секторот за екологија и енергетска ефикасност, продолжува акцијата на Општина Карпош за континуирано поставување на нови корпи за отпадоци на своја територија.

Од Општината информираат дека од денеска, во делот на новата спортско – рекреативната зона во Карпош 3 (која е во завршна фаза), беа монтирани седум корпи за отпадоци и седум клупи за седење, а потоа локалната самоуправа етапно ќе ги постави и останатите 83 корпи за одлагање на ситен отпад во повеќе населби низ општината.

По претходна консултација со комуналните редари од Карпош, велат од општината, корпите ќе бидат поставени на местата кои се мапирани како најкритични, односно, таму каде што најмногу е евидентирано фрлање на отпадоци. Иницијативата за дополнително поставување на корпи за отпадоци почна минатата есен кога општината особено се фокусираше на подигнување на нивото на јавната хигиена.

– Секако, ова е само сегмент од стратегијата на локалната самоуправа за унапредување на животната средина и околината. Во таа насока, секојдневно се чистат коловози со новите цистерни за миење на улици, а јавните површини и плоштади се одржуваат со посебни машини за таа намена (WAP апарати кои работат под воден притисок), соопштуваат од прес-службата на Општина Карпош.

Апелираат до сите граѓани правилно да го одлагаат отпадот, бидејќи само заедно може да придонесеме за поздрава еколошка средина.


Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, досега во светот 33.951.767 лица биле заразени со новиот коронавирус. Како резултат на Ковид-19, починале 1.014.644 пациенти, а се опоравиле 25.217.358 лица. Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.798 нови […]

Вести

Објавени распореди на часовите за наставата на МРТ

Учениците кои немаат ИТ-уреди за да следат онлајн-настава преку платформата, часови ќе  гледаат на Македонската радио-телевизија на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни видеа за секој наставен час. Часовите ќе почнуваат во 8.30 часот […]

Вести

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*