Нова микробиолошка опрема за Секторот за санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје


Нова микробиолошка опрема за Секторот за санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје - МИА

Скопје, 3 јули 2020 () – Во Секторот за санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје е поставена нова микробиолошка опрема, соопшти претпријатието.

– За целите на ревитализација на микробиолошкиот оддел се монтираше микроскоп со дигитална камера кој може констатациите од страна на аналитичарот напревени при испитување на подлогите да ги регистрира дигитално, меморира или како документ за консултација да ги испрати во мрежа со помош на рачунарот кој е составен дел од апаратот. Со ова се документира работата во микробиолошкиот оддел и истата станува комплетно транспарентна. Во оваа фаза беше опфатена и ревитализација на водоблокот или производството на лабораториска вода и вода за потребите на работа на автоклавите, се инсталираше систем со контрола за дејонизација која се состои од катјонска, анјонска и колона со мешана јонска маса со зголемен капацитет така што се произведува вода за сите сегашни и идни потреби на лабораториите за микробиологија. Истиот има кондуктометриска контрола за исправно користење на инсталацијата и нејзино соодветно одржување. Старите и дотрајани автоклави се заменети со нови. Истите комплетно ги покриваат потребите на одделот за микробиологија, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

На овој начин, соопштуваат од јавното претпријатие, се заокружи и комплетира фазата на ревитализација на класичните и инструменталните методи кои се применуваат во одделот за микробиологија согласно стандардот ИСО 17025 и се направија подлоги за прием на нова генерација на аналитичка опрема во микробиологијата.

– Ова е само уште еден доказ дека Секторот за санитарна контрола, при ЈП Водовод и канализација – Скопје е чекор понапред во својата работа која ја извршува одговорно, транспарентно и во согласност со сите европски стандарди, регулативи и директиви, наведуваат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.


Многу опции за парламентарно мнозинство и нова влада, пролонгирањето неповолно за ЕУ-интеграцијата - МИА
Вести

Од денеска почнуваат разговори за новата влада

Скопје, 4 август 2020 () – По одржувањето на конститутивната седница на Собранието, од денеска почнуваат и разговорите за формирање на новата влада. Партиите кои по изборите неофицијално ги почнаа разговорите, се очекува од денеска […]

Прва седница на новиот собраниски состав под здравствени протоколи - МИА
Вести

Прва седница на новиот собраниски состав под здравствени протоколи

Скопје, 4 август 2020 () – Во Собранието на Република Северна Македонија, денеска на пладне во салата Голема купола ќе се одржи првата седница на новиот парламентарен состав согласно здравствените протоколи за заштита од ширење […]

Нови 14 дена вонредна состојба, за заокружување на здравствените одговори на пандемијата - МИА
Вести

Бројот на починати од Ковид-19 достигна 500, вирусот најризичен за постарите лица

Скопје, 4 август 2020 () – Тројца пациенти починаа вчера од вирусот Ковид-19, со што вкупниот број на починати од оваа болест достигна 500. Ковид-19 е најризичен за постарите лица, односно предизвикува поголема смртност кај […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*