Нов случај со Ковид-19 во гостиварско



Нов случај со Ковид-19 во гостиварско - МИА

Гостивар, 4 јуни 2020 () – Со последните тестирања за откривање на новоинфицирани со коронавирусот во гостиварскиот регион, потврден е нов случај. Позитивен резултат на Ковид-19 имал жител на селото Неготино Полошко, општина Врапчиште. За денеска околу пладне е закажан вонреден состанок на Кризниот штаб на кој ќе се разгледа актуелната состојба и се очекува да бидат донесени заклучоци со препораги за граѓаните.

Според информациите на меѓуопштинскиот кризен штаб за општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше, до денеска има 12 активни случаи од кои седум во гостиварската општина, пет во Врапчиште и ниту еден во Маврово и Ростуше.

Петмина се лекуваат во болнички услови, а останатите кои се без симптоми се дома. Епидемилозите издале решенија и препорачале самоизолација на дваесетина лица. Тоа се главно лица кои имале контакти со брачниот пар од селото Чегране, каде се регистирирани вкупно пет лица.

Во меѓувреме се прават анкети и тестирања, а спроведена е и дезинфекција на објектот на ЈП Комуналец, според епидемиолошките протоколи.

Од почетокот на пандемијата, во гостиварско направени се 404 тестирања, а кај 30 случаи имаше позитивни резултати. Од последици од Ковид-19 во гостиварско починаа три лица.


Продолжи собраниската расправа за избор на нова влада - МИА
Вести

Седница за избор на заменици министри – пратениците расправаат за образованието, Гоце Делчев, Ковид-19

– Собранието попладнево ја продолжи 13 седница, на чиј дневен ред е Предлогот за именување на заменици на министри во Владата. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски процедурално изрази револт од начинот на […]

Продолжи собраниската расправа за избор на нова влада - МИА
Вести

Почна собранискара расправа за избор на заменици на министрите во Владата

– Справување со последиците од пандемијата, зачувување на работните места, создавање функционална економија и враќање на економскиот раст на 4 отсто, унапредување на животниот стандард на граѓаните и натамошен раст на платите, силни институции, неселективна правда […]

Вести

Нови 88 случаи на Ковид-19 од 1618 тестирања, петмина починати и 135 оздравени

-Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-45, Куманово-4, Штип-1, Прилеп-7, Тетово-6, Струга-3, Битола-2, Охрид-3, Гостивар-1, Струмица-7, Крива Паланка-2, Кочани-3, […]